1 Чекор
- Панцетата исецкајте на ситни коцки, ставете да се пржи околу 2 мин, веднаш додадете ја едната половина од исецканиот кромид и пиперките да се заедно пржат околу 10 мин, на средно јак оган. Потоа додадете ги исецканите домати, сол и црвениот пипер, нека продолжи целото тоа да се динста (пржи) околу 15 мин, односно додека добиете густ сос.
2 Чекор
- На малку маст или масло ставете да се пржи останатата половина од кромидот, кога ќе почне да се пржи (околу 2 мин) ставете го и посоленото пилешко месо да се заедно пржи околу 3-4 мин, од секоја страна, на самиот крај додадете го лукот. Вака испрженото месо заедно со кромидот додадете кај првиот сос. Залијте со водата, додадете го буковецот и пиперката и нека крчкаат на тивко се до потполно омекнување. При крајот можете и да го одклопите садот за да испари повеќе од течноста.
3 Чекор
- Измешајте ја павлаката со брашното и сецканиот магданос, додадете кај веќе готовиот паприкаш, размешајте, вклучете на поголема температура шпоретот, нека зоврие силно, исклучете - паприкашот е готов. Зачинете додатно со биберот... послужете.
Овој паприкаш се служи со пире, њоки, други тестенини или пак по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани