Започнуваме со подготовка на тестото.
Жолчките ги матиме со шеќерот, во нив ги додаваме маслото, млекото, какаото, прашокот за пециво и брашното. Со рачна маталка ги соединуваме состојките. Смесата ја сипуваме во мала ростер тава, печеме на 200 степени 10-15 минути.
Во меѓувреме ги матиме белките со шеќер додека не добиеме пенаста цврста смеса. Кога бисквитот ни е печен го вадиме од рерна го премачкуваме со филот од карамела. Врз филот од карамела го нанесуваме филот од белки и повторно тортата ја враќаме во рерна да се допече 15 минути на 150 степени. Изладената ја преливаме со растопена чоколада и масло. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани