Овој рецепт произлезе од желбата да се искористат две останати банани, веќе потемнети, а токму такви ви требаат, нели, кога се ставаат во готвено нешто.
1. Најпрво се вклучува рерната на 180 степени. Додека да се загрее, смесата за мафини ќе биде готова.
2. Сите суви состојки се мешаат во подлабок сад.
3. Бананите се гмечат со вилушка, а јајцата се матат, исто со вилушка, па се додаваат во садот со сувите состојки. Се додавата и другите течни состојки и убаво се изедначува смесата.
4. Калапот за мафини се премачкува со масло и се обложува со хартиени корпици, па се полни со смесата до 3/4.
5. Се печат околу 20-тина минути.

Забелешка - може по желба да ставите одозгора и чоколадни капки или да посипете овесни снегулки и малку шеќер пред печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови