Лесно направени, набрзински... а вкусни...

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180-200 степени.
2. Бананата ја гмечиме со вилушка. Во еден сад ги додаваме сите состојки и промешуваме со лажица.
3. Калапот за мафини го намрсуваме и набрашнуваме и ставаме од смесата со лажица.
4. Ги ставаме да се печат околу 15-20 минути. Пробуваме со чепкалка за да видиме дали е печено тестото.
5. Ги ладиме, ги вадиме од калапот и ги ставаме во хартиени корпи.
6. Чоколадото го топиме, му додаваме масло, промешуваме и секој мафин го прелеваме. Додаваме шеќерни форми по желба и вкус.

Забелешка
Ако ја ставев смесата директно во хартија за печење ќе ми се залепеше. Во тестото нема воопшто масло па најдобра варијанта за брзо одлепување од калапот беше да се намачка со масло и посипе со брашно. Вака подготвени одлично излегуваа од калапот.
Оваа доза е доволна за 10 мафини. Чашата е од 240 мл или 1 цуп.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани