Во оваа обланда нема воопшто марципан, ама како што и Мема кажува, ова е многу стар рецепт запишан под тоа име.
Ставете го шеќерот и водата да зоврие, па во течноста додајте ги оревите, бисквитите и маргаринот и убаво измешајте.
Поделете ја смесата на три дела и во едниот ставете 50 гр. чоколадо.
Листот обланда поделете го на 4 дела.
На првиот дел ставете од белиот фил, па пак лист, црн фил, лист, бел фил и на крајот ставете го четвртиот дел. Притиснете убаво да се спојат листовите со филот и ставете нешто тешко одозгора, сето убаво да се спои.
Одозгора прелијте ја обландата со преостанатото чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови