Кога сакате, брза подготовка на ручек, а истата да е здрава и мераклиска, тогаш добра опција е овој рецепт.
Туна стекот, најпрво се маринира. Во мал сад, се меша ситно сецканото лукче, магдоносот, маслото, оцетот и се наросува сол и бибер по вкус. Со овој сос и со четка, се премачкува добро туната. Се остава да се маринира, околу еден час во фрижидер.
Потоа, на загреано тавче, во кое сте ставиле малку сончогледово масло и путер, се пржи туната. Најпрво, се пржи на тивко, со поклопен капак, околу седум минути, а потоа, малку се појачува ринглата, па се допржува од двете страни, додека не зарумени. Јас пржев вкупно, околу 17тина мин, затоа што сакам, добро испржен стек. Доколку сакате, туната да ви биде посочна, пржете ја пократко време.
Подготовка на салатата
Готовиот кус-кус, се налева со врелата вода. Се остава околу 10 тина, за да набабри. Потоа, додека е топол, во него се додаваат путерот и маслото и се поссолува малку. Се меша нежно со лажица.
Доматот, краставицата, авокадото, младите перца и магдоносот, ситно се сецкаат. Се додаваат во изладениот кус-кус и се се меша заедно. Се посолува по вкус, се наросува мелен црн бибер.
Единствено што недостасуваше со овој ручек беше лимонот, кој заборавив да го купам, па затоа јас киселкаст вкус правев со балзамико оцет.
Доколку, имате грил тава (јас се уште немам), можете слободно туната да ја пржите во таа тава.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови