Маринада
Чашата е од 200 мл.
Се мешаат сите состојки за маринадата.
- Садот во кој ќе се спрема кромидот треба да е во големина толку колку да се собере целиот кромид , - со маслиновото масло се премачкува.
- Се лупи кромидот само од првата лушпа за да се спречи неговото распагање при печењето. Се мие, се исекува од двете страни рамно, потоа се пресекува на половина. Се става во садот со пошироката страна надолу. Се залива со маринадата и се остава во фрижидер да одстои преку ноќ, односно, што повеќе време се маринира, толку е подобар кромидот.
- Кога веќе е мариниран, се превртува кромидот со широката страна нагоре. На секое парче ставете по една лажицпутер, ставете во рерна загреана на 200 степена и нека се пече околу 1 час односно додека кромидот не добие смега боја и марината се редуцира и згусти. Кромидот веќе не го превртувате,  отворете и погледнете, ако е потребно со лажица црпнете од маринадата и залијте го.

Напомеа
- Јас го спремав кромидот во најмалата ростер тава, таман за 8 парчиња кромид.
-Зависно од рерната, ако бргу се згусти маринадата, а кромидот уште не е печен, ставете неколку лажици вода, затресете ја тавката да се измеша водата со марината и продолжете да печете.
- За да не е рерната вклучена само заради кромидот, ставете да печете и нешто друго во неа - пример тавка компир или месо - со кое овој кромид е одличен прилог.
Рецепт на Лилест!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани