Стекот убаво се мие и се сече на помали и потенки парчиња. Се става во длабок сад и прво се додаваат сувите состојки за маринадата. Убаво се меша за сите состојки да допрат до секој дел на месото. На крајот ги додаваме ловоровите ливчиња, белото вино и маслото, го покриваме садот и го ставаме во фрижидер да отстои околу час и половина до два часа (колку повеќе стои во маринада, толку е помеко месото).

Ги подготвуваме состојките за похување - јајцата ги матиме, а презлата, сусамот, карито и биберот ги мешаме. На оган загреваме масло во подлабок сад за пржење на месото. Секое парче месо прво го потопуваме во изматените јајца, потоа го брбеламе во презлата. Го пржиме додека убаво не порумени од двете страни (внтрешноста ја проверуваме со виљушка). На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови