За месото нема многу да објаснувам затоа што сметам дека секој ќе одбере парче по свој вкус.
Ние ставивме парче од помрсниот дел.
Го приготвивме ден порано, па го исековме на парчиња доволно големи за раженчиња.
Во пропратните слики, ќе го видите месото *
Убваво го измешав во зачините (магдонос, црн бибер, сол, мешан сув зачин )
Го оставив да отстои 2-3 часа така.
Потоа на страна помешав лук, магдонос, пиперки и кромид кој ги исеков на не многу мали парчиња.
Месото го промешав добро со исецканиот зеленчук, па го полеав со соја сос и пиво.
Убаво ги измешав и ги оставив цела ноќ во ладилник,покриени со најлонска фолија.
Наредниот ден ги извадив од ладилникот и ги наредив на стапчиња.
Парче месо, кромид, пиперки, се по редослед додека има место.
Така спремните парченца месо се печат на скара.
Месото е толку кревко и од пивото се дели на кончиња.
Мозам да напоменам дека колку подолго стои во маринадата, толку повкусно е месото.
Го сервирав со салата. Тоа го оставам на ваш избор.
Понекогаш знам да нанижам и шери доматчиња. И тие го збогатуваат вкусот на ражничето.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови