Подготовка
- Исечете ги ротквиците и наредете ги во помали или една поголема тегла.
- Во касерола ставете ги состојките за заливката, без да зоврива, доволно да се растопи медот и се трга пред да почне да врие. Залијте ги ротквиците, затворете теглата, оставете да се олади. Одложете во фрижидер. Полниот вкус се добива откако престојат во фрижидерот 24 часа. Фантастични
Оваа количина на заливката е доволна за тегла која е под 900 мл. Јас ставам во помали тегли. Ова е за да се послужи нешто поразлично како прилог или кон салатите.. не е за зимница, иако има и таков рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани