Морковот изрендајте го, а пиперката и кромидот исецкајте ги. Пропжете ги во тава со загреано масло малку да омекнат. Потоа додајте го грашокот и доматот исецкан на коцки. Додајте и пола чаша вода и оставете ги да варат додека водата целосно испари.
Откако испарила водата додајте го фидето и 500 мл зовриена вода. Додајте ги зачините по вкус, измешајте и нека варат додека фидето омекне а водата испари.
Со оваа количина на вода се покри целата смеса и ми беше доволна фидето да биде не преварено.
Готовата манџа оставете ја малку да подолади и послужете ја со салата по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани