Овој колач е на многумина познат но секој различно го прави. Сум сретнала повеќе рецепти, а овој е од старата тетратка на мајка ми со рецепти кои за мене се едно мало богатство.
6 жолчки се матат со 12 лажици шеќер, се додава 200мл млеко, 100мл масло и на крај 12 лажици брашно, 3 лажици какао и пециво. Се печи 15 тина минути на 180 степени.
За шам
6 белки се матат со 12 лажици шеќер и 1 ванила. На страна на оган се ставаат 10 лажици шеќер со 4 лажици вода да зовријат. Врелиот сируп се додава во изматените белки малку по малку притоа матејки со миксерот. Ќе почнуваат да се згустнуваат и се матат околу 5 мин. Над испеченото тесто се додаваат изматените белки се намалува рерната на 130 степени и се печат уште 10мин
Се чоколадира со 100гр чоколадо за готвење стопено на пареа заедно со 3 лажици масло и 3 лажици млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови