Овој пијалок можете да го искористите и како здрав појадок.
Исчистете го мангото од семката и излупете го.
Бананите излупете ги и ставете се заедно во нутрибулетот.
Зачинете со кардамон и мед.
Дополнете со млеко.
Изблендирајте добро.
Вкусете го убавиот пијалок.
Нека ви е слатко.
(Ако го конзумирате во лето, можете да доставите коцки мраз во блендирањето, за освежителен вкус.)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови