Желатинот растворете го со 4 лажици сок од портокал.
Оставете да набабри.
Исцедете го портокалот и во нутрибулет испасирајте го заедно со мангото.
Додајте го желатинот и измешате ја смесата.
Во чашки ставете по 2 лажици од оваа смеса, а остатокот од неа измешајте ја со маскарпонето, па дополнете ги чашките.
Декорирајте ги со парчиња портокал и лупен бадем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови