Превкусни, меки, воздушести.....

Во еден сад ги ставаме јајцата, солта и биберот.
Промешуваме со вилушка.
Додаваме власец, магдонос, јогурт, пециво, брашно и сусам.
Соединуваме.
Ја додаваме и ренданата тиквичка, без да ја процедуваме и ја изедначуваме смесата.
Земаме тава во која ставаме 2-3 капки масло.
Ја загреваме на умерен оган.
Кај мене од 9, пржев на 6.
Со лажица ставаме од смесата и пржиме од двете страни по одприлика 1 минута.
Ги редиме на хартиени салфети.
Потоа ги сервираме и послужуваме со кисела павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани