Оваа јубилејна роденденска торта, си ја подготвив за мојот 30ти роденден. Ја направив како комбинација од повеќе торти, одбрани делови кои на мене ми се допаднале, па си ја скоцкав по мерак!

1. Бисквитите измелете ги. Можете да користите и обични биксвити, но ќе додадете 2 полни лажици какао и 2 лажици шеќер во прав. Друга опција ви е да користите чоколаден крем за врзување на состојките. Изборот е ваш!
2. Лешниците предходно тостирани, се толчат на средно големи парчеца, за да се гледаат низ смесата, да биде шарена.
3. Путерот кој предходно бил на собна температура, се сецка на коцки и потоа се додава во бисквитите. Сите состојки се спојуваат со мешаат и замесуваат.
4. Добиеното тесто се расукува со оклагија и потоа се префрла врз калапот бр. 28. Убаво се притиска по страниците. Калапот најдобро е да е обложен со фолија, за полесно вадење на тортата. Оставете во фрижидер да се стегне, додека да се подготви мусот и желето.
5. За желето од малини потребно е да ги изблендирате малините и ако не сакате да се чуствуваат семчињата може да се процеди смесата. Јас не го направив тоа, мене ми се поубаво непроцедено. Во меѓувреме ставете го желатинот да набабри во ладна вода.
6. Се става на оган да зоврие малина сосот и се додава шеќерот. Ако се создаде пена, се трга на страна. Нека врие на тивко околу 5 мин, малце да се згусне смесата и потоа тргнете го сосот на страна. Во него додадете го желатинот, измешајте убаво и ставете го во калап бр. 24-26макс, да се олади. Повторно користете фолија,за обложување на калапот, за полесно вадење на желето.
7. За чоколадниот мус потребно е да го затоплите млекото, да гооставите желатинот да набабри во ладна вода и чоколадото да го растопите на пареа. Потоаво топлото млеко се додава желатинот и се меша за да се растопи. Со смесатасе прелева стопеното чоколадо и убаво да се меша да се соеднини и да нема грутчиња.
8. Слатката павлака се мати со миксер и во неа се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок.
9. Пополека додаваме од млечно чоколадната смеса кон матената слатка павлака и мешаме со шпатула. Несе мати со миксер, за да ви биде пенаста (мус) смесата.
10. Половина од чоколадниот мус ставаме врз бисквитното тесто. Оставаме во фрижидер да се олади и малце да се стегне.
11. Врз чоколадниот мус, во средина се става желето од малини, кое е со помал круг од калапот. Потоа ја прелеваме 2половина од чоколадниот мус и враќаме назад во замрзнувач на 2-3 часа.
12. Во меѓувреме подгответе го чоколадниот ганаж, едноставно со затоплување на слатката павлака, која се прелева врз кршеното чоколадо и се мати додека да се стопи и да се добие убава мазна структура.
Ганажот го пелеваме врз торатата и враќаме назад во обичен фрижидер.

*Декорации можете да направите по избор. Јас го искористив остатокот од чоколадо, за да направам форми, украсив со чоколадни бонбони, лешници, чоколаден прелив од темно и бело чоколадо ....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови