Тиквичките излупете ги, исечете ги на кругчиња и наредете ги во плех со хартија. Посолете ги и попрскајте ги со масло. Ставете ги да се запечат во загреана рерна на 200 степени 20-25 минути колку да омекнат.
Во меѓувреме сварете ги макароните во зовриена и посолена вода за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
Испечените тиквички ставете ги во макароните, додајте ја рикотата или урдата, посолете по вкус и измешајте. Префрлете ги во плехче намачкано со путер или масло и посипано со презла.Попрскајте ги со масло.
Јајцата изматете ги со павлаката и и турете ги врз макароните.
Ставете ги да се запечат во загреана рерна на 200 степени 30-на минути. Послужете ги топли со салата по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани