- Тиквичката ја лупиме, ја сечиме на правоаголници, ја посолуваме и стои десетина минути. Потоа парчињата тиквички ги пржиме и ги сечиме на ленти.
- Макароните ги вариме на стандарден начин и ги цедиме.
- Округло тавче 26 см. го намрсуваме, ги саваме макароните, тиквичките, печурките (сечкани на поголеми листови), ја истураме павлаката за готвење и малку сол.
- Го мешаме ова сето, одозгора наросуваме со сусам и печеме на 200 степени околу 30 минути.
По желба може во павлаката да се стават и матени јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани