Уште една идеја за вкусен ручек.

Подготовка
1. Говедското или јунешкото месо го сечкаме на ситни парчиња. Го пропржуваме на масло или маст, па му налеваме вода да се динста додека да се свари.
2. Кон крајот кога ќе испари водата, а месото е веќе меко и ровко продолжуваме со кратко пржење. Го тргаме на страна.
3. Во истото тавче доставаме маст и го упржуваме ситно насечканиот кромид, ситно насечканата пиперка, на средна температура, да застакли кромидот и да омекне пиперката.
4. Ги додаваме доматите пелати сечкани на крупни парчиња. Ја вариме смесата кратко да се соединат вкусовите.
5. Го ставаме и месото. Зачинуваме, динстаме кратко и тргаме на страна.
6. Макароните ги вариме по упатството на кесата. Откако ќе се сварат ги процедуваме и им ставаме неколку лажици масло.
7. Сервираме макарони кои ги прелеваме со гулашот.

Забелешка
Вода доставаме во месото(ако е потребно) додека да стане меко и ровко.

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани