Во солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат.

Истовремено приготвувајте го сосот.

Во тава на оган сосема кратко пропржете ја сланината.
При крај на пржењето додајте го путерот.
Откако ќе се растопи додајте ја доматната салса и наросете бибер.
Оставете малку да прокрчка па додајте ја павлаката за готвење.
Намалете го оганот на најтивко и оставете да прокрчка сосот 2-3 минути.

Откако макароните ќе се сварат додајте ги во тавата со сосот и измешајте.

Послужете ги со рукола и наросување од рендан пармезан.

Топло ви препорачувам да ги пробате.
Сосот е превкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани