Прво мајски собрани со најдобрите пријатели си правиме скаричка. Мажите секогаш штом запалат скарат си бараат ракија, а со ракијата оди и салатка. Откако е готово се .... ми фали некое макалце за да си мачкам со мевцето, па тргнав со тоа што ми се наоѓаше во викендица и излезе совршенство.
Лукчето и оревите се толчат или се сецкаат во Делимано сецко, кој како сака. Мајонезот се соединува во посебен сад и во него се додаваат толчените ореви и лукчето. На крај се додаваат зачините и сирењето кое може или да се изренда или да се издроби. Ова макало оди и како убав прилог со млади компири. Дава совршен спој.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови