Исчистените листови од штавеј ставете ги во зовриена вода да обарат 1 минута. Тргнете ги и ставете ги во цедилка, па исплакнете ги под чешма и оставете да се исцеди водата.

Ставете го штавејот во блендер заедно со лукот, кромидот, сокот од лимон и маслото убаво да се изблендира. Потоа се додава пармезанот и сол и бибер по вкус.

Пред служење измешајте го со киселата павлака или пак ставете прво кисела павлака па потоа вмешајте го макалото не многу рамномерно за да има шари од бело зелена нијанса.

Одлично се вклопува во месо, но и во било која комбинација што ќе ја посакате (варени јајца, печен зеленчук, само со крекери, чипс и т.н)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови