Модрите домати се лупат, се сечат на кругови, се посолуваат и се валкаат во брашно. Се пржат на загреано масло. Масло влегува повеќе оти модрите домати впиваат многу мрсно. Ги вадиме врз хартија да им се одземе вишокот мрснотија.
Во дрвен тањир (лучница) толчиме лукот и оревите со малку сол. Додаваме малку масло за да се добие компактна смеса, како крем.
Модрите домати ги редиме во садот каде ќе ги сервираме. Им додаваме сечкан магдонос. Во меѓувреме зовриваме еден филџан вода и ја додаваме во толчениот лук. Мешаме со толчникот (биеме) за да стане бело како млеко. Со таа течност ги прелеваме модрите домати.
За мене е доволно толку. Сопругот сака да стави и малку вински оцет. Значи оцетот е по желба и според вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови