Интересен ефект од малку состојки и неодоливо вкусен резултат. Повремено купувам од готовите палачинки, кои според мене и не се баш палачинки, ами повеќе би ги врстела во питулици бидејќи се само од брашно и вода, во овој рецепт најдоја ептен згодна намена, а ние солиден оброк.

Изварката се меша со јајцето и се додава сол во зависност од соленоста на истата. Тоа е за фил.
На работната маса се редат по 4 палачинки при што се преклопуваат на страничниот дел за да дојди како една правоаголна кора (фото)
Се става од филот и се рола како кора за мазник. Потоа изроланите палачинки се вртат во круг и се редат во подмастена тепсија или обложена со пек хартија.

Можи да направите повеќе мазничиња со по 4 кори или пак да ги споите следните ролни и да направите еден поголем.

Јајцето за прелив и цврстиот јогурт или ако немате таков, можи и кисело млеко убаво изматете ги. Додадете малку сол и прелијте го мазникот од палачинки одозгора.

Печете на 180С околу 20 минути, односно додека не порумени и убаво се запечи на изглед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови