Еве ја и мојата варијанта на ЛУДО тесто. На оваа страна има обајевно неколку „луди теста“, но забележав дека мојот рецепт се разликува и затоа и се решив да го споделам. Мислам дека по било кој рецепт да се одлучите да правите, нема да згрешите, бидејќи овие теста се феноменални!

Ова лудо тесто се користи буквално за се‘. Од тесто за пица, до панцероти, крофни, погачици, пирушки, леб, кифлички итн.

Убавината на ова тесто е што не мора да се чека да кисне, туку веднаш се работи. Бидејќи количината е поголема, може да го оставите да стои во фрижидер до 7 дена, ако успее воопшто толку многу да остане, но ќе забележите дека тоа постојано нараснува и може да ви претече од садот. Затоа најубаво е да се врзе во кеса и во кесата да оставите малце простор за да може да се крене, а потоа ставете го во сад, за да не ви тргне низ фрижидер хахаа.

Подготовката е како и за сите други теста, така и за него.
1. Сувите состојки се ставаат во длабок сад.
2. Млекото се затоплува, да биде млако и во него се раставара шеќерот. Потоа се додава и квасецот и се остава малце да се активира.
3. Кон сувите состојки се додаваат јајцата, јогуртот, маслото и млакото млеко со квасец и шеќер. Убаво се замесува.
Тестото ќе биде доста лепливо и меко, но така и треба да биде, бидејќи потоа иде на дополнителна обработка, кога се користи по потреба.

На набрешнете површина, со 1-2 лажици брашно, се зема дел од тестото и се обработува со месење.
Јас првата половина од тестото ја искористив да направам подлога за пица. Пицата искочи совршена! Тестото беше меко и вкусно, а од долната страна крцкаво.
Другата половина ја искористив за полнета погача со сирење, крофни итн . Кај мене тестото се потроши за 2 дена!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови