Многу убава комбинација излезе овој ручек.
Најпрво, лососот се посолува и наросува со мелен црн бибер. Парчињата лосос, се пржат на претходно загреано маслиново масло. Јас додадов и малку путер. Се пржат на умерена температура (7 од 11), од едната страна, околу 8минути и потоа од другата страна уште толку.
Во друг сад, ситно се сецкаат лукчето и магдоносот. Тука се додава сокот од лимон, медот и водата. Се наросува мелен црн бибер и се посолува. Се меша со лажица. Откако сте ги испржиле, парчињата лосос, во тавата каде што сте пржеле, се истура овој сос. Се остава да зоврие, па во него се враќаат назад уште малку да се покркчкаат парчињата лосос. Откако, водата ќе испари и сосот ќе се згусне, се трга од оган.
Јас го послужив во комбинација со пржен сладок компир (батат).
Вкусно, здраво и лесно!
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови