Лиснатите теста бараат најмногу време за подготовка, но се најубави и затоа вреди трудот. Ова се едни декоративни пецива, кои бараат трпение за изработка, но се многу интересни и вкусни.

1. Се замесува тесто од наведените состојки. Значи се става се' освен путерот. Тој ни треба понатаму за листање на корите.
2. Замесеното тесто се остава малце да одмори и нарасне. Потоа се дели на 8 дела и се расукуваат мали корички. Меѓу секоја коричка се става стопен путер, освен на последната.
3. Се остава тестото да одмори 20тина мин и потоа се расукува во правоаголна форма. Се сече на коцки, 8х8см или може и поголеми 10х10.
4. Секоја коцка на ќошевите се сече во форма на буквата Г. Во средина се става од филот. Потоа, засечените делови се затвараат на средина, како на фотографијата. Во средина може да се наросат со малце сусам, лен и сл.
5. Се премачкуваат со жолчка и се печат на 200 степени, 15-20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови