Најпрво маргаринот го вадиме на собна температура.
Овие лиснати стапчиња ги направив по барање на моите родители. Сакаме од оние лиснатите ама по печенки....
Квасецот го ронам во помал сад со малку млако млеко, една лажичка шеќер и 2 мали лажички брашно, го оставаме 5-10 мин да надојде. Во длабок сад го просејуваме брашното, правиме длабнатинка и во нејзе сипуваме 3 м.л сол, 3 мали лажички шеќер, 150 мл масло, надојдениот квасец и почнуваме со додавање на млекото и замесуваме тестот. Прво се меси во садот, а потоа се продолжува со месење на набрашнета работна површина. Во зависност од типот на брашото се додава количината на млеко. Тестото кога ќе биде готово не треба да се лепи и треба да биде средно меко. Тоа се осеќа на рака....
Готовото тесто го делиме на 6 топки кои убаво ги оформуваме и ги редиме на набрашнета чинија и ги премачкуваме со масло. Така одмараат 30 минути. Потоа секоја посебно со оклагија ја растегнуваме во големина на мала плитка чинија. Една по една ги премачкуваме со растопениот маргарин (поделен на 6 дела). Последната не ја мачкаме...
Прво ја набрашнуваме работната маса ги ставаме премачканите корички и сите како што се наредени една врз друга ги расукуваме во поголем круг или правоаголник и тој го премачкуваме со остатокот од маргаринот. Така целата кора ја преклопуваме на три дела и потоа уште на три. и се добива форма на коцка. Ја ставаме врз набрашнета чинија и ја затвараме со фолија или чиста кеса и така ја ставаме во замрзнувач да одмори 15 минути. Потоа се вади и се префрла на набрашнета површина и со оклагија се растегнува кора од 1 см. Од оваа кора можат да се вадат ленти или пак да се виткаат кифли во зависност од вашите желби. Јас овој пат како што кажав погоре се одлучив за стапчиња. Е сега со нож за сечење на пица се сечат ленти и една по една ги префрламе во тва обложена со хартија за печење и во самата тава секое парче посебно го вртиме како да сакаме да го цедиме но нежно. Така наредените стапчиња ги оставаме да стасаат 20 минути, потоа ги премачкуваме со жолчка во која сме додале малку млеко и ги попрскуваме со сусам. Ги печеме на 220-250Ц додека да поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови