Од сите состојки замесуваме тесто. Веднаш го делиме на 4 дела и од секој дел правиме по 6 топчиња.
Земаме едно топче, расукуваме кора со дијаметар околу 15 сантиметри. Ја премачкуваме со путер (омекнат на собна температура). Земаме второ топче, сукаме кора, ја ставаме врз првата и врз неа премачкуваме путер. Така правиме со 6 топчиња. Врз најгорното не премачкуваме путер. Го ставаме во фрижидер, додека ги работиме и другите катмери.
Постапката се повторува и со останатите 3 дела. Значи добиваме 4 катмери.
Сега го земаме првиот катмер. Расукуваме кора со дијаметар околу 25-30 сантиметри. Кората ја делиме на 6 триаголници (прво ја сечиме по средината и од секој дел правиме 3 триаголници).
Од секој триаголник замотуваме кифла, на која краевите ги завиткуваме навнатре (се гледа на дополнителната фотографија) и внимателно спојуваме со дрвена ,,чепкалка,,.
Се редат на хартија за печење, се премачкуват со жолчка и масло разматени, се поросуваат со сусам и се оставаат да надојдат(околу 35-40 минути). Се печат во загреана рерна на 180-200 степени 20 минути. Откако ќе се оладат им се тргаат внимателно чепкалките. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови