Растанчете го тесто и исечете го на ленти со ширина од 1-1,5 см. Обвиткајте ги конусите спирално со по една трака. Од едно парче лиснато тесто јас добив 16 конуси.

Изматете го јајцето со вилушка и додадете го црвениот пипер и повторно изработете го со вилушката да се соедини, па премачкајте го со четче секој конус.

Конусите наредете ги во плех обложен со пек хартија и печете ги на 200С 20 минути.
Кога се готови оставете ги да подоладат, па потоа вадете ги од калапите.

Павлаката, изварката и мајонезот соединете ги. Исечкајте ги компирот, кашкавалот и саламата на многу ситни коцкички, додадете го грашакот и се измешајте заедно.

Ставете го филот во мала ќеса на која ќе го отсечите ќошот или со мало лажиче за чај полнете, филовајте ги лиснатите конуси.
На крајот на секој конус ставете гранче свеж копар.

Забелешка:
Откако го открив димениот црвен пипер јас исклучиво само него го имам и користам последно време, но тој е многу потемен од обичниот, така да кај мене дојдоја потемни, а за изгледот на морковчиња да удира повеќе на портокалева боја препорачливо е онака како наведив во составот.
Користете сува изварка и по можност крем павлака која не испушта цвик.
Конечно дочекав свеж копар во продавница, ама додека се наканам да ги направам (а одамна ги намерив) копарот ми подовенал, па замислете ги малку посвежи : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани