Лиснато домашно тесто ми е омилено за јадење и подготовка. Обично секогаш правам кифлички, но овој пат се решив за погачици.

Се замесува тесто и се остава да се одмори и да кисне околу 1ч.
Се расукува кора и врз неа се ренда ладен маргарин. Се сече на средината круг и потоа се дели тестото на 8 дела. Секој триаголник се преклопува врз кругот и се добива форма на топче. Така добивате лиснато тесто.
Тестото потоа се расукува во долгнавеста кора и се преклопува на 3 дела прво хоризонтално и се добива долга правоаголна кора, а потоа уште на 3 вертикално и добивате коцка. Тогаш добивате уште повеќе разлистано тесто. Кората повторно се раукува и на пола од кората се става урда и рендан кашкавал. Со другата половина се преклопува филот и само нежно се поминува со сукало, за да се залепат слоевите, но не и да се истенчат.
Тестото се сече со остар нож, од горе-надоле со притискање, не со влечење на ножот низ тестото и не со ножот за пица. Така слоевите лиснати се лепат и нема да се разлистаат.
Се редат на тавче за печење со хартија за печење и се премачкуваат со жолчка и сусам, а може и прстофат сол да се нароси. Се ставаат во замрзнувач 15-20 мин. За тоа време рерната се уклучува на 220 степени да се загрее. Се печат околу 10-15 мин.

На крај добивате убаво разлистани погачици, богати со фил од кашкавал и урда.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови