1. Се замесува тестото од наведените состојки. Се остава тестото да кисне околу 1 час или зависно колку време и да е потребно.
2. Тестото малце го размесуваме, односно преклопуваме само од 4те страни и почнуваме со расукување. На набрашнета маса се сука тенка кора. Врз неа на половина кора се ренда изладен путер/маргарин. Потоа кората се преклопува на половина. На другата половина се ренда путер и повторно се преклопува. Деловите каде што е преклопено тестото, се сече со нож, за да биде разлистано секаде.
3. Се става во кеса или се обложува со фолија и се остава во замрзнувач, на 15 мин да се излади убаво тестото.
4. После 15 мин, од оладеното тесто се развлекува тенка кора. Се витка до половина, па потоа уште на половна и се добиваат 4 преклопи и правоаголна кора. Од лева и десна страна се превиткува и добивате убава коцка. Се сече од страните убаво да се разлиста. Се враќа во замрзнувач на 10-15 мин.
- Постапката се повторува 4 пати!
- Последниот пат се расукува не многу тенка кора.
5. Врз кората наросете го убаво спанаќот, со тоа што секое ливче да ви биде одвоено, а не стуткано. Врз спанаќот наросете ја и урдата.
6. Правоаголната кора се сече на коцки, со големина по избор.
- Коцките погачици се ставаат повторно во замрзнувач да се изладат убаво, околу 15 мин. Потоа се редат во тава за печење. Се премачкуваат убаво со жолчка и се наросуваат со сусам и прстофат сол. Може да ставите и ким.
8. Се печат на 250 степени, околу 10 мин. Во тој период многу нараснуваат и се креваат нагоре. Потоа се намалува на 210 степени, уште 10-15 мин, без да се отвара рерната!
*Ова е многу важно кај лиснатите теста, бидејќи ако се отвори рерната, има голема можност да спласнат надолу и да не го добиете оној ефект на шуплива внатрешност!
- Печените погачици, сеуште врели, се премачкуваат со масло во тенок слој, не се прекриваат со крпа и се оставаат да се ладат. Слојот од масло ќе ги заштити од сушење, но ќе даде и прекрасен сјај на површината.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови