Брашното се просејува во длабок сад каде што ќе се меси.
Во средината се прави вдлабнатинка и се рони пресниот квасец. Се додаваат 2 лажичиња шеќер и топла вода за да се добие густа кашеста маса. Се чека да се активира.
Потоа се додава солта, уште 2 лажичиња шеќер, маслото, јајцата, јогуртот и со млекото се замесува средно меко тесто. Убаво се меси и се дели на 6 топчиња.

Нежно се премачкуваат со масленце и се оставаат 30 мин. да стасуваат.

Потоа секое топче се отвора во кора и премачкува со маргарин. Се редат една врз друга. Последната не се премачкува. Се отвора што поголема кора-значи од 6-те се добива 1 кора. Се премачкува со остатокот од маргаринот и се дипли до помало правоаголниче. Премачкано со масло се става во длабоко замрзнување 30 мин.

После тоа време се отвора правоаголна кора, со дебелина од еден прст. Се редат парчињата сланина по должина. Се сечат ленти и се обликоваат ѓевреци.
Цела постапка полесно се воочува од фотографиите.

Се редат во намрсен плех.
Се киснат 15-20 мин..
Се ставаат да се печат во претходно загреана рерна, додека убаво поруменат-околу 15-20мин..
Колку се убави, вкусни ќе се уверите кога ќе ги подготвите.

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани