Оваа пита ја сакам не само зошто е многу вкусна туку затоа што нема стасување. Најчесто ја подготвувам во викенд утрата зошто не одзема многу време и појадокот е готов уште пред да се разбудат децата. Сервирана со кисело млеко потсетува на утринските појадоци кои ги поминувавме кај баба во село.

Подготовка
1. Тестото го замесуваме со млака вода па го делиме на три топчиња. Ги покриваме со крпа и ги оставаме 10 минути.
2. Сланината ја сечкаме на коцки и кратко ја пропржуваме. Урдата, солта и јајцето ги соединуваме. Путерот го растопуваме.
3. Топчињата едно по едно ги расукуваме и ги премачкуваме со путерот. Ги виткаме во ролат, па ролатот го свиткуваме во форма на полжав. Пак ги оставаме 10 минути да отстојат покриени со крпа.
4. Првото полжавче го расукуваме малку поголемо од тавчето бр. 26 во кое ќе ја печеме питата. Врз него ставаме половина од филот со урда и половина од сланината.
5. Врз филот го таваме второто расукано полжавче. Пак ставаме од филот и сланината.
6. Врз него го ставаме третото расукано полжавче во големина на тавчето.
7. Краевите на првото расукано тесто ги ставаме навнатре и формираме од него украсен раб.
8. Целата пита ја премачкуваме со разматено јајце и ја посипуваме со сусам.
9. Ја печеме во загреана рерна на 200 степени околу ½ час или додека убаво не поцрвени и се запече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани