Прво во длабок сад ги кршиме јајцата и заедно со шеќерот ги матиме со миксер додека не стане кремасто.

Откако убаво ќе се изматат јајцата ги додаваме и следните состојки сокот од лимон, кората од лимон, јогуртот, маслото и брашното со пециво, го соединуваме убаво, го ставаме во премачкан плех и го печиме на 180 степени околу 45 минути. Додека се пече, со чепкалка пробуваме во средината на колачот дали е испечен.

Потоа го правиме сирупот.

Во еден сад ги ставаме шеќерот, сокот од лимон и водата и ги ставаме на оган да вари и малку да се згусти.

Откако ќе се испечи колачот го прелеваме со готовиот сируп.

Се сервира по желба со слатка павлака, крем сирење, кајмак...

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови