Вистинско лесно уживање за љубителите на комбинацијата од лимон и кокос!

1. Путерот пенасто се мати со додавање шеќер во него. Додека се мати со миксерот, се додаваат јајцата едно по едно. Брашното, кокосовото брашно и пецивото се мешаат и се додаваат во смесата од путер и јајца.

2. На крај се додаваат сокот и кората од лимон и се заедно се мати кратко доволно за да се соединат состојките.

Се истура во тава.20 х 30 премачкана со путер или обложена со хартија за печење. Се пече на 180Ц околу 30-40 мин или кога ништо нема да се лепи на чечкалицата.

Се сече кога потполно ќе се олади и пред сервирање се посипува со шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови