Леќата е многу здрав оброк, но не секогаш омилен кај децата. Па затоа со помош на многу зачини и додатоци со години се трудев барем малку да го променам вкусот. Од мојата другарка случајно ја дознав нејзината волшебна состојка која и дава многу пријатен и освежителен вкус на леќата. Подготовката е вообичаена. Прво ја требам леќата и ја мијам во цедалка, во тенџере на оган ставам да се загрева 1,5 л вода а потоа ја додавам измиената леќа. Така ја оставам кратко да врие некои 5 мин а потоа водата ја фрлам и во нејзе повторно додавам 1,5 топла вода. Двете главици кромид ситно ги сецкам и ги додавам во леќата и така се вари додека да омекне. Кога ќе биде при крај одвојувам дел од зрната леќа и ги пасирам во Нутри булет со малку течност, 4 лажици сенф, бибер и црвен пипер 1 мала лажичка. Таа смеса ја додавам во тенџерето и оставам да се вари уште 10 минути. Кога ќе биде готово посолувам и ги додавам лукчињата кои претходо се ситно исецкани. Додека се вари леќата доколку има потреба количината на вода се зголемува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови