Црвена леќа

Црвената леќа е еден од најдобрите извори на растителни протеини и растителни влакна, а тоа ја прави важна намирница која треба да биде застапена во вашата исхрана. Таа е богат извор на: минерали, витамини, сложени јаглехидрати, а притоа содржи мало количество на масти и е нискококалорична храна.

Во 100 грама црвена леќа има 26 грама протеини, што ја прави вистинско протеинско богатство. Изобилува со железо, магнезиум и молибден, а од витамини е исклучително богата со фолна киселина.

За разлика од зелената леќа, црвената леќа се вари пократко односно околу 20-30 минути. Идеална е за подготовка на чорба, пире, ќофтиња но и како додаток на разни салати.

Во малопродажните објекти црвената леќа од Сончева Долина може да ја најдете во пакување од 400г и 900г.

Зелена леќа

Зелената леќа како билка од фамилијата на мешунките е одличен извор на белковини и е нутритивно вредна храна. Од витамини, леќата е богата со витамин Б1 и Б9, а од минералите содржи големи количини на железо, магнезиум, фосфор, манган, цинк и калиум.

Потекнува од Блискиот исток, а во исхраната се користи од камено доба. Леќата е најдобро да се комбинира со оризот. Кога се подготвува со месо, добро оди со свинско или пилешко месо. Во салата се комбинира со сецкана свеќа црвена пиперка и свежо зачински билки.

Леќата може да се додаде во разни свежи салати, во супи или чорби од зеленчук.

Во малопродажните објекти зелената леќа од Сончева Долина може да ја најдете во пакување од 400г и 900г.

 

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.