Во вангличка го ставаме јајцето и шеќерот и кратко соединуваме.
Во сад ги соединуваме просеаното брашно, пециво, содата, лешникот и циметот.
Во вангличката ги додаваме киселата павлака, маслото, нутелата, па соединетите состојки.
Убаво ја изедначуваме смесата.
Ја печиме во најмалата ростер тава на делимано, или во округла тава бр 22, околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
Оставаме да се излади тестото, а за тоа време го подготвуваме преливот.
Во сад над пареа ставаме да се соединат млекото, путерот и чоколадото.
Со глазурата ја прелеваме испечената кора и наросуваме крупно сецкан лешник.
Сечиме на штангли и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани