Во редот на ванилици, гурабии или вака како топчиња, уште еден рецепт. Брзи за правење, одлични на вкус со изразит шмек на потпечени лешници. Се надевам ќе ви се допаднат.

1. Путерот треба да е ладен. Во еден сад исецкајте го на парчиња и додадете ги сите останати состојки. Со рака убаво измесете меко мазно тесто. Ставете го во најлонска фолија и оставете го 30тина мин. во фрижидер.

2. Рерната загрејте ја на 200С. Земајте од тестото и формирајте топчиња (колку орев) и ставете ги на плех обложен со хартија. Ставете ги да се печат, а рерната намалете ја на 180С. Печете 13-15мин, треба да останат светли, со малку поруменет долен дел. Нека се изладат па извалкајте ги обилно во шеќер во прав.
Чувајте во кутија со капак. И веќе знаете, за ваков тип колачиња ... колку подолго стојат поубави се.

Добар апетит =)

* За посна верзија путерот заменете го со маргарин и изоставете ја павлаката.
* Ова е релативно мала доза, по потреба ќе си ја зголемите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани