Подготовка
Во соодветен сад ставете млеко, шеќер, путер и чоколадо и оставете на ниска температура да зоврие. Тргнете го садот од ринглата и веднаш додајте ги мелените бисквити и лешници. Се убаво измешајте и оставете да се излади. Потоа од смесата обликувајте бомбици, валкајте ги во мелено-сечкани лешници и во средина ќе им правите вдлабнатина. Оставете во фрижидер убаво да се стегнат, а потоа полнете ги со ганаш крема
Ганаш крема
Слатката павлака загрејте ја на тивок огин и додадете чоколадо, мешајте се додека смесата не се соедини.
Тргнете од огин и оставете да се излади(може и во фрижидер).
Наполнете шприц со филот и поплнетеја вдлабнатината на бомбицата.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани