Брза летна салата, која може да послужи и како лесен ручек.
Тестенините ги вариме според упатството, а може да искористите и тестенини кои ви останале. Краставицата и пилешкото филе ги сечкаме на коцки, а сирењето го дробиме/рендаме на ситно.
Сите состојки ги соединуваме заедно со киселата павлака и додаваме зачини по желба.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови