Врз лист хартија за печење го поставуваме основата-тесто за пица, кое е полупечено.
Врз него размачкуваме кечап.
Ја рендаме гаудата.
Поставуваме парчиња лута пиперка, кои се исечени на косо.
Поставуваме маслинки.
Тиквичката ја миеме и заедно со лушпата ја сечеме на тенки кругови, кои ги нанесуваме врз тестото.
Поставуваме мали парченца печеница, попрскуваме со оригано.
Ги ставаме половинките шери домати.
Во нутрибулет ги ставаме состојките за песто, односно магдонос, бадеми, тиквичка, маслиново масло, балсамико, сол, бибер.
Соединуваме.
Ова песто го ннаесуваме врз подготвеното тесто.
Го ставаме плехот во релна и печиме 5 минути на 200 степени, и уште 3-4 минути со уклучен горен грејач.
Врз испечената пица пита ставаме кисела павлака.
Уживаме во раскошот на летни бои и богат и убав вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани