Една варијанта на брз лесен летен ручек.
Пиперките ги чистиме од семето, ги сецкаме на ленти и ги ставаме во тава со масло, да се пропржат, да сменат боја.
Јајцата ги матиме, во нив додаваме една лажица сенф, по желба урда, зависно колку е солена, може и дополнително да се посоли, да се стави мешан сув зачин. Се додава во тавата со пиперки, да се пропржи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови