Најпрво се ставаат капините во лонец, се попрскува шеќерот и се варат на тивко околу 15 мин, додека да згусне смесата.
Пред крај 5 мин се става чиа семето и се доварува. Се трга на страна.

Сувите состојки се ставаат во блендер и се заедно се меле. Се додава растопениот путер и се прави ровка смеса. Истата се истура на тенко плехче, со раце се распоредува низ него и се притиска добро. Кога е орформена кората врз неа се сипуваат капините и се пече во рерна на 200 С околу 15-20 мин, зависно од рерната којлу е јака (без вентилатор)
Одозгора шлагот е врвот, се надевам мојот прв рецепт ќе ве намами ова лето ;)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани