Ресаните ги кршиме на парчиња. Од една ресана 3 – 4 парчиња. Млекото го ставаме на оган да зоврие со шеќерот. Штом проврие го тргаме од оган и го ставаме маргаринот целосно да се стопи.
Во жешката смеса се ставаат оревите и на крај ресаните. Се замесува компактна смеса, се става во калап или едноставно со раце се обликува форма по желба. Се остава да се излади.
Озгора се премачкува и украсува со шлаг пена или слатка павлака и чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови