Во еден сад на тивок оган ги ставаме путерот и кикирики путерот малку да се растопат.
Во една вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и се мати се додека не побелат.
Го исклучуваме миксерот и ги додаваме постепено, лешниците, пецивото, брашното, соединетите и изладени путери, пирето од батат,солта.
Лесно со шпатула соединуваме.
Смесата ја истураме во мала ростер тава и печиме 15 минути на 200 с, а потоа уште 15 минути на 180 степени.Го оставаме испечениот колач да се подизлади.
Сега го спремаме белиот прелив.
Во еден сад ја матиме слатката павлака со шеќерот, па го додаваме крем сирењето и соединуваме.
Овој бел крем го нанесуваме на колачот и посипуваме со крупно мелен лешник.
Колачот е исклучително сочен и вкусен.
Мене посебно ми е вкусен додека се уште е млак, не потполно изладен.
Јас уживава, уживајте и вие во оваа вкусотија.

Батат е зеленчук кој од година во година станува се повеќе популарен поради нутритивните карактеристики и добриот вкус. Бататот е вистинска ризница на антиоксиданси и витамини, а одличен е и за дијабетичарите.
Благиот компир може да се вари, пече, пржи, но за разлика од другите видови на компири – овој може и да се јаде сиров заедно со кората. Од него се прават супи, прилози за сите видови на главни јадења, десерти, се додава во салати, варива. Овој вид на компир има вкус на костен, а воедно е богат антиоксиданс, содржи витамин Ц и Е и е значаен извор на растителни влакна, витамин Б6, калиум, манган, бакар и железо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани