Шеќерот и водата ги ставаме на тивок оган и вариме додека да се истопи шеќерот. Ги додаваме вишните (измиени и исчистени од семка) и вариме додека не омекнат и додека не пуштат сок.
Потоа го додаваме растворениот пудинг и мешаме додека малку не згусне и додека не зоврие.
Тргаме од оган и оставаме да се излади.
Слатката павлака, млекото и шлагот ги матиме додека не добиеме цврста структура.
Потоа ги полниме чашите или чиниите, најпрво прелив со вишни, па кршени бисквити, па шлаг, и повторно додека да се наполни чинијата, или може да се наполнат поинаку, по желба. Едноставен, лесен и вкусен десерт со кралицата на летото - вишната. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови