Оваа го нареков „ Лепињи на мој начин“ бидејќи излегоа неочекувано со мои експерименти во кујната!

За тестото »» Најпрво се соединуваат сувите состојки, се додава квасецот претходно растворен/растопен во 100мл. Вода па постепено се додава од млаката вода и се меси средно тесто (како за леб). Па се дели на 4 дела кои се растегнуваат во претходно подмачкани плехови со зејтин и наросени со брашно (плеховите бр.38).

За премачкување »» Растегнатите теста се премачкуваат со сенф и доматно пире (по потреба - кој колку сака), потоа се наросуваат со мешан сув зачин, црн бибер, презла, сусам, оригано и сува миродија.
Потоа се сече во ленти па на пола и на секоја лента се става по малце маргарин и веднаш се печат во загреана рерна на 200 степени, а времето зависи од самата рерна.
--Јас го печев се додека не зарумени одозгора и одоздола.

Буквално оди со се и за секакви прилики!
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови