Патлиџаните одберете ги помали, потанки.
Излупете ги, исечете ги на три ленти по должина и ставете ги половина час да стојат во солена вода.
За тоа време, во месото додајте го јајцето, ситно исечканиот кромид, лукчето, презла во зависност колку е влажно месото, зачинете и измесете ја смесата.
Филувајте ги патлиџаните, а ако е потребно прицврстете ги со чепкалки, да не се отворат во печењето.
Полијте ги со масло и ставете ги да се печат на 200 степени, покриени со фолија отприлика четириесетина минути.
За доматниот сос, прво кромитчето и исечканата лута пиперка запржете ги, ставете ги во сосот и прелијте ги веќе испечените патлиџани. Вратете ги во рерната уште петнаесетина минути, убаво да искрчка.
Одозгора ставете исечкан свеж магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови